(ВИДЕО) Силни бури и ветар од 130 км/час удрија врз хрватскиот полуостров Истра

од Vladimir Zorba
80 прегледи

– Силни бури зафатија делови од Хрватска, а најтешка беше ситуацијата на Полуостровот Истра, каде ударите на ветрот достигаа и до 130 км/час, јави хрватскиот сајт Индекс.хр.

Бурата на Истра корнеше дрвја, откорна клупи и расфрла контејнери за ѓубре.

Првите претпоставки се дека штетите од невремето ќе бидат големи.