Вработените во амбасадата во Македонија повлечени се откако добивме докази за многу офанзивно делување против органите и институциите на Србија, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој наведе дека вработените во амбасадата во Скопје се повлечени на консултации откако од надлежните разузнавачки органи „добии се доволно докази за многу офанзивно делување против оргнизте и иинституциите на Србија.“
„Нашите луѓе треба да се подготвени. Ќе има некои промени во нашиот персонал и ќе го заштитиме нашето пријателство со Македонците, а како да се однесуваме во новото окружување, Многу шпекулации има, но мислам дека во следните 10 дена ќе стане многу појасно“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија пред новинарите рече дека пријателството мора да се одржи, но дека Србија мора да ги заштити воите интереси.
„Ќе градиме добри односи со Скопје, но ќе мора тие односи да се засноваат на взаемно почитување. Ќе видиме дали Албанците ќе се обидат да го внесат Косово во УНЕСКО, а тогаш ќе чекаме што ќе кажат Скопје и Подгорица. Наше е да се подготвиме и да одговориме соодветно“, вели Вучиќ.
За потсетување, персоналот на амбсадата синоќа беше повлечен од Скопје на консултации во Белград.