Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во отчетот за реализираните проекти во изминативечетири години како најважни ги издвои проширените и реконструираните булевари и улици, изградбата на водоворните, атмосферските и фекалните мрежи, подобрување на работата на јавните претпријатија, новите велосипедски патеки, инвестициите во средните училишта и јавни културни установи во надлежност на Градот и мнгоу други.

„Во насока на намалување на сообраќајниот метеж, изминативе 4 години пробивме и проширивме 14.449 метри улици и булевари, а особено сум горд на проширувањето на третиот дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Карпош, проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ до црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, на проширувањето на првиот дел од булеварот „Трета македонска бригада“, проширувањето на улицата „Маџари“, како и првата фаза од изградбата на булеварот „АСНОМ“. Покрај ова, реконструирани се улици и булевари во должина од 19.784 метри коловоз.Во овој мандат во оваа насока изградени се и 3 кружни текови“, кажа градоначалникот Трајановски.
Покрај патната инфраструктура, градоначалникот Трајановски се осврна и за останатата комунална инфраструктура која е реконструирана и изградена изминативе 4 години од страна на Градот Скопје, како и проектите за подобрување на јавниот сообраќај и мобилноста во Скопје.
„Како еден аспект на сообраќајот е секако и развојот на велосипедизмот, преку поголем број на проекти, од кој најважен е проектот за подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје „Скопје Велоград“. Со овој проект се формира ефикасна мрежа на обележани велосипедски патеки коишто ќе бидат поврзани и достапни за користење на велосипедистите“додаде Трајановски. Градоначалникот Трајановски се осврна и за проектите од областа на животната средина, за новите изградени паркови и зелени површини, како и новите засадени садници. „ Она што за мене е особено значајно е што на јавните зелени површини Градот Скопје насади 256.000 листопадни и зимзелени садници, набавени со сопствени средства.
Во текот на изминатите четири години на територијата на градот се подигнати околу 330.000 квадратни метри нови зелени површини“, кажа Трајановски. Градот Скопје изминативе четири години инвестираше и во реконструкцијата на средните училишта и јавните културни установи коишто се во надлежност на градот, како и во објаста на спортот и социјалната заштита.