Вулин: Од Скопје зависи промената на однесувањето

од desk2
102 прегледи

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, денеска изјави дека Србија одговорно ќе се однесува кон своите граѓани во случајот со Македонија.


Според него, од Скопје зависи дали нешто ќе се менува во односите на двете држави.

Повтори, дека по разузнавачки податоци, постојат информации сека странски фактор бил вмешан во целиот случај, по што беа повлечени сите дипломати од српската амбасада во Скопје, на консултации во Белград, но не сакаше да наведе за која земја станува збор.

„Државата ќе постапува согласно тоа“, вели Вулин.