
Зголемената содржина на цинк и германиум на Марс сведочат за висока хидротермална активност на планетата, открија канадски и американски научници, цитирани од lenta.ru
Концентрацијата на овие хемиски елементи во седиментните карпи во реонот на кратерот Гејл ги надминува показателите во останатите делови на Марс за 10 до 100 пати.
Екстремни хидротермални извори на Земјата, исто така се богати со цинк и германиум, и служат за живеалиште на примитивни организми. Веројатно слични суштества можеле да живеат и на Црвената планета и не е исклучено научниците да успеат да најдат траги од нив.
Возраста на кратерот Гејл, која има дијаметар од 150 километри, изнесува 3,5 милијарди години. Неговото дно е исполнето со бројни седиментни карпи изложени на ерозија.