Малезиски професор носи маска додека оценува

од desk2
91 прегледи

Малезискиот професор Назрик Ахмед стана ударна интернетска вест откако одлучи да носи маска за време на испитите.


Ахмад, кој е професор на Меѓународниот исламски универзитет во Малезија, носи маска за да ги скрие експресиите на своето лице додека ги оценува испитите.

Тој одлучил да ја примени оваа тактика затоа што сфатил дека неговата мимика на лицето, која тешко ја контролира, им влијае на самодовербата на студентите.

„Од моето лице лесно е да се `прочита` дали студентот паднал или поминал на испитот“, објаснува Ахмад.

Се почнало во 2014 година кога Ахмад завршил во болница поради проблеми со срцето по што морал да носи уред чии кабли му биле обмотани околу телото.

Го погодило тоа што мора таков да се појави пред студентите па родителите му купие маска од Ајронмен за да го располошат. Сега таа маска ја носи за време на испити.