Истражувачите од универитетот во Британска Колумбија во кнада, објавија истражување во кое тврдат дека жените чувствуваат помалку умор по природни мускулни вежби отколку мажите со слични години и атлетски способности.

Во текот на истражувањето, девет жени и осум мажи го свиткувале стапалото 200 пати најбрзо што можат при што се бележени брзината, силата и обртниот момент на мускулите.
Резултатите покажале дека мажите на почеток се побрзи и посилни, но дека побрзо се исцрпуваат од жените.
Истражувачите мереле само движења на стапалата, затоа што на тој начин во двиќење се и бутните мускули кои се користат за секојдневни акции како стоење и одење.
Иако експериментот опфаќа само една група мускули, професорот Брајан Далтон, автор на истражувањето, вели дека очекува слични резултати и при следење на другите мускули.