Мејведер: Избрав достоен ривал за мојот последен бој

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Флојд Мејведер го пофали противникот Конор Мекгрегор по победата над ММА ѕвездата во Лас Вегас.

Американецот призна дека очекувал послаб отпор од Ирец кој за прв пат се качи на професионалниот ринг и игра според правилата на боксот. Макрегер стоеше добро во рингот до крајот на третиот круг, по што Мејведер и ги зеде работите во свои
раце и доминираше тотално во бојот.

“Конор беше тежок и конкурентен ривал. Тој е подобар отколку што мислев. Не бев доволно убедителен во почетокот? Тоа беше мојот план, мојата стартна тактика.
По седмиот круг противникот почна да промашува  многу силни удари. Им гарантирав на сите, дека ќе  го освојам мечот предвремено и тоа се случи. тоа беше мојот последен натпревар, дами и господа.
Одбрав соодветен партнер за мојот последен танц “, рече Мејведер по средбата во Лас Вегас.


Американецот се откажува од професионалниот бокс со совршен рекорд – 50 победи и ниту еден пораз, а  во излогот му недостасува само олимпиското злато. На Игрите во Атланта во 1996 година тој беше поразен од Бугаринот Серафим Тодоров во полуфиналето, а тоа се покажа како последен пораз во блескавата кариера.