Груевски шири лажни вести, граѓаните да бидат внимателни

од Vladimir Zorba
73 прегледи

 

 

Не е точно дека струјата ќе поскапи. Не е точно дека воведувањето на евтината тарифа ќе влијае на зголемување на цените на струјата.Никола Груевски измислува и шири лажни вести порачуваат денеска од владеачката СДСМ.

Апелираме граѓаните на Република Македонија да бидат внимателни и да ги следат вистинските информации.

Вистината е дека воведувањето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата се отвора можност граѓаните да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја.

Токму ВМРО-ДПМНЕ со своето коруптивно владеење ја укина евтината тарифа на струјата преку ден, а цената на електричната енергија ја зголеми за 100%.

Очигледен е стравот на Никола Груевски од пораз на локалните избори, но ниту една лажна вест тука не може да му помогне, се вели во денешното соопштение на СДСМ