Груевски користел идентитети во зависност од должностите во земјите во кои одел, што се смета за вообичаена пракса за луѓе што работат во тајна полиција 
Министерството за внатрешни работи неофицијално соопшти за АлсатМ дека поранешниот шеф на Петтата Управа во УБК, Горан Грујевски, поседува друг идентитет со име Владимир Варелов, но не се прецизира дали овој идентитет му е даден од домашните органи или од странски служби.
Изворите на Алсат М велат дека обвинетиот во случаите на СЈО – „Тврдина“ и „Таргет“, кој е во бегство, користел идентитети во зависност од должностите во земјите во кои одел, што се смета за вообичаена пракса за луѓе што работат во тајна полиција. Но, независно од тоа колку идентитети имал, Грујевски не ги користел досега во Македонија.
Според истиот извор , барем досега, граничните служби не наишле на такво нешто, а Горан Грујевски повеќе од еден месец е во бегство. Се претпоставува дека Грујевски заедно со Бошковски, Македонија најверојатно ја напуштиле преку Дебар.
Не се исклучува можноста лица од Албанија, за кои има сомнежи дека во Македонија влегле преку граничниот премин Ќафасан, да им помогнале на Грујевски и Бошковски да избегаат во Албанија преку граничниот премин близу Дебар, кој во моментов е гранична артерија со помала контрола од страна на полицијата за разлика од другите гранични премини.
На 18 јули, Апелациониот Суд им одреди притвор на Грујевски и службеникот во УБК Бошковски, што подоцна беше потврдено и од Врховниот суд, но двајцата го искористија периодот за одлучување по жалбите за да избегаат.
Тие двајца, заедно со Тони Јакимовски се обвинети од СЈО за прислушување на илјадници граѓани, преку злоупотреба на системите за следење на МВР и физичко уништување на опремата што се користела за прислушување, со што се оштетени и доказите за кршење на човековите права и слободи.
За бегалците Грујевски и иБошковски е распичана и национална и меѓународна потерница, и иако МВР велат дека интензивнос трагаат, засега нема никакви резултати.