Шварценегер легна во вреќа за спиење под своја статуа пред хотел

од Vladimir Zorba
97 прегледи

“Кога бев во силна позиција, сите, вклучувајќи го и раководството на овој хотел, ме фалеа, но кога веќе не сум гувернер, тие удобно го заборавија ветувањето” – вели Арнолд Шварценегер.
Поводот за оваа изјава е неговата посета во хотел, каде сепак му откажале соба, од проста причина што сите биле зафатени.

Разочаран од односот Арни, решил да се истегне во вреќа за спиење пред статуата, што и го направил. Токму оваа слика на светскиот
бодибилдер, актер и поранешен гувернер на Калифорнија буквално ги разнесе социјалните мрежи.
Сликата покажува како ѕвездата спие на улица, точно пред бронзената статуа . Таа е споделена од самиот Шварценегер со натпис, кој гласи:
“Како се промени времето”.

Холивудската ѕвезда раскажува дека кога бил гувернер, статуата била откриена пред зградата на хотелот. Тогаш од раководството на хотелот му ветиле дека таму секогаш ќе има соба резервирана на негово име, и во секое време ќе има засолниште за него.

Вистината е дека светски познатата ѕвезда може да си дозволи соба во секој хотел, но преку својата постапка тој сака да ги повика луѓето да  си ги почитуваат ветувањата.

И на крајот пораката е прекрасна , но сепак ова е лажна вест  во  која  сите поверуваа.

Внимателно лажните вести лесно се продаваат, дали кога некого плукате или фалите,сеедно.А   лага си е лага!