
Може ли бегството на Горан Грујевски да ја одложува судската постапка во предметот „Тврдина 2“. Грујевски е недостапен за органите на прогонот повеќе од еден месец откако му беше определен притвор.
Според поранешниот јавен обвинител и поранешен судија, Јован Јоанидис, постапката во отсуство на обвинетиот треба да биде побрза, но таа е на штета на обвинетиот кој доколку и понатаму остане недостапен може да добие и повисока казна доколку се докаже дека е виновен. /извор ТВ24