Жител на американскиот град Хјустон фати со голи раце риба во својот дом, кој е под вода по пристугнувањето на ураганот “Харви” и последователните поплави.
Ќерката на Саул го снимила “риболовот во дневната соба” на својот татко и објавила фотографијата на интернет.
Заедно со катастрофата и штетите за милиони, заедно со стравот и настраданите, ураганот “Харви” беше придружено и од други куриозитети. Исплашен од ураганот јастреб се криел во хјустонско такси и не сакал да го напушти. На крајот возачот го однел до дома, каде што го нахранил и утешил.
Исплашени животни можеле да бидат видени на неочекувани места. Заедно со алигатори во градината или пред домот, влекачите се криеле под автомобили, создавајќи сериозен ризик за луѓето.