Браните во Хјустон претекуваат по рекордните врнежи од ураганот Харви- воведен полициски час

од Vladimir Zorba
173 прегледи
 Властите на Хјустон соопштија дека вовеле полициски час за да се спречат грабежи во евакуираните области поради поплавите предизвикани од ураганот Харви. Полицискиот час во четвртиот по големина град во САД ќе трае од полноќ до 5 часот наутро. „Не можете да возите, ниту да бидете на некое јавно место.Имавме проблеми со вооружени грабежи, со луѓе со огнено оружје“, изјави шефот на полицијата во Хјустон, Арт Авеведо. Рекордните врнежи од дожд предизвикаа невидени поплави што принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат нивните домови.Полицијата соопшти дека спасила повеќе од 13.000 лица од поплавите во Хјустон. Властите објавија најмалку дваесетина смртни случаи од Харви.

Две големи акумулации надвор Хјустон претекуваат  поради ураганот Харви, јави  Џеф Линднер од  контрола на поплавите, цитиран од ББЦ.

Претседателот Трамп и Меланния Трамп ќе го посетат Тексас, за да ги видат Пустош предизвикано од ураганот Харви, кој сега е намален до тропска бура. Врнежите предизвикаа големи поплави и почнуваат да ја погодуваат и  Луизијана.

https://support.twitter.com/articles/20175256

Преглед на изображението в TwitterПреглед на изображението в TwitterПреглед на изображението в Twitter

PHOTOS: Historic flooding has devastated the  area. Here’s a look at the most powerful images: http://abc7ne.ws/2viEq2l 

Илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови во реонот на Хјустон, додека спасувачите се обидуваат да стигнат до други.

Најмалку девет лица загинаа, вклучувајќи шестмина членови од исто семејство, чија куќа  е однесена од поплавите. Инженери  ја ослободуваат водата од акумулациите “Адикс” и “Баркер” во обид да го регулираат нивото на главната река во Хјустон.

Преглед на изображението в Twitter

 floods: Evacuation order after levee breakshttp://p.dw.com/p/2j2eO 

Нивото на водата во “Адикс”, западно од Хјустон,  надминаа 32,9 метри и  ја преплави   браната . Во меѓувреме и активностите за браната “Баркер” се прекинати поради потопот.

“Тоа е нешто со кое никогаш порано не сме се соочувале, затоа се обидуваме да се потрудиме за да се справиме со последиците од водата”, коментира Џеф Линднер.

Јужно од Хјустон, во Колумбиските езера е нарушен  насипот, вработени пуштаат на Твитер пораката “Напуштете веднаш”.

All this news out of  is really scary. 

Харви е најмоќниот ураган во Тексас за повеќе од 50 години.

Бавно движечка бура, моментно  е над Мексиканскиот Залив, се очекува да продолжи да излева огромни количини дожд во деновите што доаѓаат  над веќе погодени од поплави области.

За време на посетата на Тексас, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека катастрофата е со „епски размери“.