
Научниците од Универзитетот во Калифорнија се пресретнаа мистериозен радио сигнал од длабочината на вселената, соопштува интернет изданието CNET. Сигналот доаѓа од оддалечена мала галаксија, која се наоѓа на 3 милијарди светлосни години од Земјата.
И претходно научници детектираа слични радио сигнали од вселената, но тие сепак биле еднократни. FRB 121102 е првиот кој е пресретнат неколку пати, а сега дури и станува уште активен. Првото откривање на FRB 121102 е во 2012 година. Потоа се открива повторно во 2015 година.
Оваа сабота научниците користеа радио телескоп во Западна Вирџинија за да проверат дали FRB 121102 се уште е активен. Се покажало дека сигналот дури е поактивен од порано. Набљудувањата продолжиле 5 часа во спектарот од 4 до 8GHz и се собрале над 400 терабајти информации.
Анализата на податоците покажува дека само за овој период се пресретнати 15 нови бранови. Иако е јасно од кој регион произлегува сигналот, останува мистерија што точно е неговиот извор. Вишал Гажар кој е раководител на експериментот, коментира дека не се исклучува ниту една опција.
Сепак, најмалку веројатно е сигналот да се раѓа од судир на црни дупки. Можно е сигналот да доаѓа од вонземјанска цивилизација, но според научниците најверојатниот извор е пулсар. Покрај тоа, треба да се има предвид дека иако тука на Земјата може да се проценува и интензивира сигналот, тој реално произлегол уште кога тука животот бил едноклеточен и дури сега доаѓа до нашата планетаа. Што и да е настанот или изворот на сигналот, од него не делат 3 милијарди години.