
Крајната цел на целиот процес на трансфузијата е да се стопира стареењето и поради тоа не е чудно што просечната старост на Кармазиновите пациенти е 60 години.
-Секако дека нема да кажам дека со трансфузијата ќе им се овозможи на моите пациенти бесмртност, но поблиску од ова никогаш нама да стигнат. Главната цел е да се стопираат болестите како што се дијабетисот, срцевите проблеми и губењето на меморијата, рече Кармазин.
Научниците од Стенфорд последните 17 години прават слични експерименти, само со една битна разлика. Тоа го прават врз глувци. Резултатите биле поприлично изненадувачки, бидејќи се докажало дека има подмладување на органите и во глувчешките матични станици. Без обзир на тие експерименти со глувците, научниците, благо речено, не се одушевени од Кармазиновите третмани.
– Свесен сум дека со овој луд проект тој ќе заработи богатсво, но едноставно не постојат никакви докази дека трансфузијата на плазма им помага на луѓето – рече Тони Висс-Корај, невроспецијалист од Станфорд кој и сам учествувал во експериментот со глувци.
Критичарите исто така укажаа на опасноста и на потенцијалните ризици кои ги вклучуваат повредите на белите дробови и смртоностните инфекции.
Сепак, кога сериозните научници зборуваа за новиот ‘вампирски третман’ најчестиот збор кој го спомнуваат е измама.
– Луѓето сакаа да мислат дека со младата крв ќе се подмладат. Но не постои ниту еден доказ кој оди во прилог на таа теорија. Заборавете ги експериментите со глувците, па ние воопшто не го разбираме механизмот за подмладување на тие животни, рече Wyss-Coray za MIT Technology Review.
Секако на крајот доаѓаме и до етичката дилема колку е испавно да се купува крв кои младите луѓе ја донираат во медицински цели и да ја користите за супер-скапи третмани од кои може нема никаква корист.
Кармазин тоа не го загрижува премногу. Веќе ги наполни џебовите со долари и по сите американски медиуми ја врти приказната дека неговите третмани даваат сјајни резултати.
-Некои луѓе изгледаат многу подобро веќе по првиот третман. Тоа ви е како пластична операција, само одвнатре!