„Поради демографските промени состојбата на германскиот пазар на труд во следните 10 и 20 години драстично ќе се влоши“, рече авторот на студијата Оливер Ехрентаут. Само до 2030 година на Германија би можело да и недостасуваат 3 милиони стручњаци од сите сектори, а тој број до 2040 би можел да се качи и на 3,3 милиони доколку политиката и власта не преземат „одлучни и итни чекори“, произлегува од студијата.

Во своите прогнози студијата поаѓа од годишното иселување на 200.000 стручњаци, така да експертите на политичарите им предлагаат решенија кои би влијаеле на пазарот на труд. Во тие решенија спаѓаат потикнување на образованието во дефицитарните професии, дошколувања во постара возраст, и подолг работен век. Експертите проценуваа дека многу професии ќе ги извршуваат роботи и електронски апарати.
Дефицитарни ќе бидат стручните професии како што се доктори и менаџери, инжињери, новинари. Барани ќе бидат освен докторите и останатите професии од медицинскиот сектор, како што се негувателки или медицински техничари.