„Слободна Македонија, слободно живее“ е годинешното мото на манифестацијата по повод Денот на независноста. Прославата ќе започне на Кејот на реката Вардар, каде Агенцијата за млади и спорт ги кани граѓаните да се приклучат на акцијата за чистење на Кејот, а потоа се предвидени и други спортски активности. Централната манифестација ќе се одржи во четврток, пред владата.

Меѓу учесницигте се Влатко Стефановски, тетовскиот рок група, бендот „Шутка Рома Рап“. Овој пат, владата одлучи да ги отвори вратите за граѓаните кои ќе имаат можност да влезат внатре во објектот.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски не ја соопшти сумата колку ќе кошта манифестација по повод прославата на Денот на незавсиноста 8 септември.