National flags from the United States and Russia flying side by side to represent relations between the two countries, isolated on a white background.

Според изјавата вчера, 2 септември, САД влезе во  дипломатските објекти од генералниот конзулат на Русија во Сан Франциско и зградата на трговското претставништво на земјата во Вашингтон, откако го протера персоналот.  Спомнуваме зградите уживаат дипломатски имунитет, а имотите се водат сопственост на Руската Федерација.

  ” Повикот до  владата на САД  е да ја преиспита својата одлука и веднаш да ги врати руските дипломатски објекти. Инаку целата вина за натамошно влошување на односите меѓу двете земји, од кои во голема мера зависи состојбата на глобалната стабилност и меѓународна безбедност, ќе падне врз САД “, посочуваат руските дипломати. Министерството за надворешни работи на Русија додава дека активностите на САД се сметаат за непријателски чин и грубо кршење на меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски и конзуларни односи.
  

Потсетуваме дека според информации на Foreign Policy вчера вработените на трговското претставништво на Русија во Вашингтон паничено палеле  документи во двор на зградата. Малку пред тоа “Асошиејтед прес” јави дека вработените во руското конзулат во Сан Фарнциско исто така уништувале  документи.

Руски дипломати панично палеле тајни документи

Потсетуваме и дека Министерството за надворешни работи на Русија вчера испрати протестна нота против намерите на САД да претресе дипломатските згради.