Доналд Трамп ја увери Јапонија дека има и нуклеарен одговор за Северна Кореја

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Претседателот на САД Доналд Трамп   во телефонски разговор со премиерот на Јапонија Шинзо Абе изјзави дека има подготвеност да употреби, ако е потребно, и нуклеарно оружје против Северна Кореја. Ова го соопшти во неделата Белата куќа.
Според информациите “претседател Трампја  потврдил својата обврска” да се брани копното на САД, други американски територии “и сојузниците со употреба на целиот спектар од дипломатски, обични и нуклеарни можности”, кои ги имаат на располагање Вашингтон.

Американскиот и јапонскиот лидер двапати имале телефонски разговор “за да разговараат за наводната тест на хидрогенската бомба во Северна Кореја”, забележува Белата куќа.
Претходно во неделата стана познато од министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, дека САД се подготвени да одговорат на евентуални закани од страна на Северна Кореја, вклучувајќи и  закани против американски сојузници, со масовна употреба на воена сила.

“На какви и да се закани за САД или нивни територии, вклучувајќи против Гуам или сојузници, ќе биде даден силен воен одговор, како ефикасен, така и потиснувачки”, изјави шефот на американскоиот  воен врв. Тој застана пред телевизиските камери со  претседателот Доналд Трамп по вонредната седница на раководството на американската администрација, посветено на разгледување на опции за понатамошни дејства во врска со  Пјонгјанг ..
Министерот најави дека САД не се стремат кон “целосно уништување” на Северна Кореја, иако имаат таква можност.
Само пред неколку дена Џејмс Матис најави дека САД не се откажуваат од дипломатските напори за регулирање на кризата околу Северна Кореја.