Што друго, освен телевизори, слики, крпи па дури и душеци крадат гостите на хотели?

од desk3
95 прегледи
Во сезоната на одморите се зголемуваат кражбите од хотелите. Гостите им се претвораат во инвентивни крадци. Во 34% од анкетираните во хотелите со 5-ѕвезди барем еднаш  им се  случило клиент да си замине со слика. Тука важи правилото дека колку хотелот е поскап, толку почесто се случува на некој од гостите му да се допадне уметничко дело од ентериерот и да си го земе за дома. Колку голем треба да ви е куферерот, за да си одите со генерално напуфкано ќебе. Ова се случувало 15% во хотелите кои учествувале во анкетата на оваа тема. Во 13 проценти пак гостите си земале за дома барем по една перница.

Во денешно време речиси нема хотелски соби без телевизор. 5% од нив сепак го менуваат сопственикот. Со овој проблем се соочуваат најмногу комплексите со многу хотелски соби.

Неверојатно, но гости крадат дури и душеци. 5 отсто од хотелите пријавиле и такви случаи. Во најскапите ланци душеците чинат и по неколку илјади евра. Од фоајето на италијански хотел пак исчезнало целина пијано. Тројца непознати едноставно го изнеле и никој повеќе не го видел. Сепак  од хотелските соби најчесто се крадат крпи, лажички, чаши, пепелници. Но, најмногу се бараат дрвени закачалки и големи долги обувалки.