Баварецот Оливер Шрумпфел го подобри сопствениот рекорд за носење на пива. Пред погледот на десетици луѓе на фестивалот во Абенсберг Германецот пренесе 29 чаши на растојание од 40 метри. Првично тој пренел 27 големи чаши пиво на десетици метри. Потоа Оливер решил да го зголеми зафатот, односно пивата и се обидел да пренесе 31 чаши на 40 метри оддалеченост. Две сепак паднале, па рекордот кој Германецот го поставил, е за пренесување на 29 пива на 40 метри.
Во минатата година, Оливер Шрумпфел пренесе одеднаш 25 пива на растојание од 40 метри. Оваа година тој го подобрува рекордот во пресрет на најголемиот пивски фестивал – Октоберфест, кој започнува во Минхен на 16 септември и ќе трае до 3 октомври.