Брнабич: Со Русија имаме силни односи, но во воената соработка САД се на прво место

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Брнабич сака да ја зајакне европската интеграција на Србија.


Србија непоколебливо се стреми кон европската интеграција, изјави премиерка Ана Брнабич.

“Нашата цел е јасна. Нашиот стратешки фокус е ЕУ, ние непоколебливо се стремиме кон европската интеграција “, рече таа денес на Стратешкиот форум” Блед 2017 “.
Во одговор на прашање за односите со Русија таа истакна дека “со Русија ние секогаш сме имале силни односи – во традициите и религијата, тоа влијае и економијата”.
“Но што се однесува до воената соработка, видете ги бројките. Со бројот на вежбите, на пример, на прво место се САД, на второ НАТО, а на трето Русија “, истакна Брнабич. / ТАСС