Урагонот Ирма, кој се движи кон Карибите и јужните Соединети држави, во понеделникот прерасна во четврта категорија, додека островите на неговиот пат се подготвуваат за опасната бура.
Американскиот национален центар за урагани издаде предупредување поради јачината на бурата со можниот по живот опасен ветар, бранови и поплави, за подрачјето кое достига и до Западна Индија, вклучувајќи и делови на Ливардовските оствори, Британските и Девичанските острови и Порторико.
Ирма ќе биде вториот силен ураган кој ќе ги погоди САД и нејзините територии во само месец дена.
Ураганот Харви на 25 август го погоди Мексиканскиот залив, станувајќи најразорниот ураган кој некогаш го погодил Тексас во последните 50 години. Од последиците на таа бура, која ја достигна категоријата 4 загинаа 47 луѓе, повеќе од 5 милиони луѓе се раселени, а погоденото подрачје е подолго од 480 км.
Многу жители на Тексас и понатаму се борат со водата од надојдените реки за кои се очекува дека такви ќе осанат повеќе недели. Во Беамонт, градот кој се наоѓа 140 км од Хјустон, власите истакнуваат дека се работи на поправка на водоводната мрежа поради што околу 120 илјади луѓе со денови зе без питка вода. Речиси 200 000 домови се тешко оштетени во поплавата а околу 12.6000 се целосно уништени, објави во саботата тексашкиот одеел за јавна безбедност.