Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, оценувајќи ги односите на Хрватска со земјите од регионот вели дека кога станува збор за Србија, политиката на соработка од неговиот период на претседникување, повторно се вратила на политика на конфронтации.

Гостувајќи на загрепската N1 телевизија, Јосипивиќ рече дека не смее да се заборави дека во Србија е практично реафирмирано четништвото.
На констатацијата дека премиерот Андреј Пленковиќ рекол дека треба да се решаваат отворено прашањата со Србија и прашањето како е можно кога во Загреб стигнала дипломатска нота во која министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ тврди дека на Хрватска немало никаква агресија, Јосиповиќ вели дека направен е чекор напред во времето на поранешниот претседател Борис Тадиќ, инаку негов близок пријател.
Јосиповиќ смета дека судирот меѓу Словенија и Хрватска за Пиранскиот залив ќе трае, а може да провоцира и немили настани.
Кометирајќи го спорот на Хрватска со БиХ поради градбата на Пељешкиот мост, на што Бакир Изетбеговиќ се противи, Јосиповиќ вели дека тоа го гледа како внатрешнополитичко прашање на Босна и Херцеговина.
„Суштински не гледам причина зошто БиХ би се спротивставила на изградбата на мостот, не гледам проблем. Повеќе ми личи тоа на разгорување на огнот“, додава Јосиповиќ.