Димитров се сретна со Хојт Ји и Готмелер на Бледскиот форум

од Vladimir Zorba
82 прегледи

   На вториот ден од Форумот што се одржува на Блед, министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средби со заменикот помошник државен секретар на САД Брајан Хојт Ји и со заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готмелер.

На средбите, како што соопшти МНР, беа испратени охрабрувачки пораки и отворена поддршка на македонските евроатлантски перспективи.

Министерот Димитров изрази уверување до соговорниците дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на Алијансата.