Најсилно оружје кое го предизвикува и телото и мозокот Оваа забавна активност докажано, најдолго ќе ве одржува млад

од desk3
75 прегледи

Во споредба со возењето на велосипед и нордијско одење, кои се познати како најдобри чувари на младоста на мозокот, танцувањето дава ушто подобри резултати. Танцот го одржува мозокот млад, покажува најновото истражување. Оваа забавна и здравствена активност го успорува телесниот и менталниот пад, понекогаш дури делува и наназад.

“Се покажало дека две различни телесни вежби  (танц и тренинг на издржливост) подеднакво го јакнат мозокот кој инаку со годините слабее. Сепак само танцот направи промена во држењето и равнотежата”, вели д-р Kетрин Рехфелд, авторката на студијата.

 

Истражувачите набљудувале две групи на луѓе од 68 години. Во текот на 18 месеци, посетувале часови на танц или тренинт за издржливост и флексибилност. Резултатите покажале позитивни поместување во двете групи, но танцот сепак дал подобри резуллтати.  Во таа група хипокампусот (областа задолжена за паметење) кај испитаниците приметно пораснал.

“Секој би сакал да живее независно од другите што е можно подолго, со телесна активност тоа може да се постигне, но сметам дека танцотее најсилното оружје кое го предизвикува и телото и мозокот особено во постарата животна доба”. рече д-р Рехфелд за блогот “Psy”.