Заев: Има големи можности за решавање на спорот со Грција

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Поради утврдените пријателски односи со Грција и пзитивната клима ,Зоран Заев верува  дека има поголеми изгледи за решавање на спорот со името.

Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека има се  поголеми изгледи за решавање на спорот со , поради утврдените пријателски односи со Грција.
“Убеден сум дека денес имаме поголеми изгледи за решавање на овој чувствително прашање – проблемот кој Република Грција го има со нашето уставно име – благодарение на пријателските односи “, рече тој во одговор на новинарско прашање.
Во најмала рака, истакна премиерот, нема провокации.

“Градиме пријателски односи. Пример се двете посети на нашите министри за надворешни работи. Тоа не е решение, но се направи еден чекор. Сметам дека преку посредникот во дијалогот Метју Нимиц, во декември, јануари или февруари веќе ќе имаме нови решенија за овој проблем “, прача Заев за време на прес конференцјата за отчетот 100 дена Влада.
Тој додаде:
“Нашата позиција останува непроменета. Заедно со опозицијата ќе се обидеме да го решиме ова прашање, при што заедно ќе одиме на референдум, за да ја слушнеме конечната одлука на граѓаните “.
Заев посочи дека би сакал овој проблем веќе да беше решен. Тој додаде дека оваа  македонска влада има храброст и може да постигне консензус.