ДОМ ќе коалицира со СДСМ на локалните избори

од desk2
109 прегледи

ДОМ на синоќешната конвенција донесе одлука за заеднички настап со коалицијата предводена од СДСМ на претстојните локални избори, соопшти партиската прес-служба.

– Делегатите донесоа конечна одлука за заеднички настап со коалицијата предводена од СДСМ. Оваа одлука следеше по позитивниот став на Централниот одбор на ДОМ во однос на предлогот на СДСМ. Во дискусиите на конвенцијата беше ценета вкупната политичка ситуација во земјата и потребата за продолжување на реформските процеси, преку обединување на силите, информираат од ДОМ.