Робот дизајниран да положи приемен испит на најпрестижниот универзитет во Токио

од desk2
99 прегледи

Вештачката интелигенција се уште не може да разбере значење или емоции, но може да пишува прилично добри есеи за поморска трговија. Експертката за вештачка интелигенција Норико Араи го претстави роботот Todai, машина која е програмирана да полоши приемен испит на напрестижниот универзитет во Токио.


Роботот бил подобар од 80 отсто од студентите кои го полагале испитот, кој се состои од седум делови, вклучувајќи и математика, англиски јазик, наука и пишување есеи од 600 карактери.

Но, Араи тоа го сфатила како знак на предупредување и вели дека сите предвидувања за тоа дека роботите во иднина ќе ги преземат сите работи во производство, а подоцна можеби и некои пософистицирани, за неа се само потсетник на големите недостатоци во образованието.

Место да учат со разбирање, Араи смета дека децата се повеќе ќе се однесуваат како роботот Тодаи.
„Тие внесуваат факти, а потоа ги враѓаат, брз да ги разберат. Проблемот со Тодаи и кој и да е друг облик на вештачка интелигенција ќе ја надмашат човечката меморија и спознавање, а човечкиот мозок никогаш нема да може да се натпреварува со способноста на компјутерот да ги проверува фактите“, вели Араи.

Луѓето се одликуваат со препознавање на причините, креативните проекти и решавање проблеми. Ние можеме да читаме и да разбереме, а компјутерите, не, барем не се уште.

И Тодаи понекогаш прави грешки. СО 15 милијарди реченици во својот репертоар роботот не успеа да го сфати прашањето на повеќекратен избор, а чиј одговор би бил очигледен дури и за малите деца. Но, како што покажа Араи во своите тестови, во кои една третина ученици од средно не можеле да одговорат едноставно прашање за разбирање на прочитаното, лесните прашања моше да го измамат и човечкиот ум.

„Затоа, мора да размислиме за нов облик на образование, оној каде учениците ќе учат не само да ги складираат фактите, туку и критички да размислуваат за нив. Како ќе коегзистираме ние луѓето со вештачката интелигенција е работа за која мора добро да размислиме“, вели Араи.