По земјотресот со јачина од 8,1 степен според Рихтеровата скала, што го погоди западниот брег на Мексико рано утрово, а беше почувствуван на 1.000 километри, следеа неколку афтершокови, а потврдено е и цунами со бранови високи еден метар.

Најмалку пет лиѓе загинаа во земјотресот, според претседателот на Мексико Енрике Пења Нието, додека 23.000 луѓе го почувствуваа најстрашното тресење во животот. Американскиот геолошки центар прогласи црвен аларм по земјотресот.
Брановите од цунами може да го погодат брегот на Мексико, Гватемала, Панама, Ел Салвадор, Коста Рика, Никарагва, Хондурас и Еквадор.
Пациенти и доктори биле евакуирани од болница во Вилахермоса во Мексико, по земјотресот. Според објавените фотографии се гледа како болницата е сместена надвор, а пациентите се третираат на отворено.

Нема жртви во Гватемала која е соседна земја на Мексико, и во близина на чија граница беше епицентарот на земјотресот. Сепак потресот бил почувствуван во 14 држави низ земјата.
Силните дождови во Гватемала пак предизвикаа лизгања на земјиште, а некои домови се сриозно оштетени.
Гувернерот на Мексиканската држава Чиапас, Мануел Веласко, повика на евакуација на крајбрежните области, додека земјата се соочува со земјотресот од запад и цунамито и ураган од исток.

Според претседателот Нието, ова е најсилен земјотрес во земјата, посилен дури и од оној во 1985 година во кој загинаа 10.000 луѓе. Според претседателот, поголема штета не е предизвикана затоа што земјотресот е во близина на региони кои се слабо населени и не е во близина на милионскиот Мексико Сити.Мексико се соочува со штетие од земјотресот на запад и со закана од ураганот Катја од исток. Се очекува Катја да помине близу Мексико и да донесе големи дождови што ќе ги комплицира спасувачките напори.
Според претседателот Нието, петмина загинаа во земјотресот, а во изјава за Foro TV, тој вели дека три жртви има во Чиапас, а двајца во Табаско.
