Видео: Полицијата ослободи 130 мачки чувани во една соба во Париз

од desk2
141 прегледи

Полицијата уапси 60-годишна жена која занемарувала животни, откако во нејзиниот 25 метри квадратни стан нашле 140 мачки.


Полицијата била известена од сосед дека ја виделе жената како фрла мачиња од прозорец од апартманот кој се наоѓа на најгорниот кат.

„Кога влегоа полицајците затекнаа драматична сцена“, вели еден полицаец за Le Parisien, кој објави и видео.
„Секаде имаше мачки, а смрдеше. Во станот имаше само кревет и фрижидер, а мачките вршеле нужда кај стиганле“, додава тој.

Жената била боса и покриена само со крпи.

Друштво за заштита на животнито било повикано да се погрижи за мачките, а им требале четири дена да ги заловат сите.

Имало дупка на таванот па тие се качиле и во поткровјето. Мачката фрлена од прозорец е однесена ватеринар.

Кога жената била пуштена од полиција пратена е на евалуација во психијатриска клиника.