На приемот на македонската амбасада во Белград по повод денот на независноста во престижната Вила Јелена дојдоа највисоките преставници на српскиот државен врв. Покрај претседателот на парламентот Маја Гојковиќ, министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ и др. високи преставници од политичкиот и стопанскиот живот, на приемот беше и премиерката Ана Брнабиќ, која им го честита празникот на македонските граѓани, осврнувајќи се и на политичките односи меѓу двете држави.

Сакам да го честитам Денот на независноста на Р.Македонија. Задоволство ми е што сум вечерва тука, пред ова имав состанок со амбасадорката на Р.Македонија. Се договоривме за некои понатамошни чекори на соработка што е битно во овој момент. Јас упатив и официјална покана на премерот на Р.Македонија Зоран Заев да го посети Белград во текот на ноември, а сега остана само да го прецизираме датумот. Таа прва посета ќе ја искористиме за планирање и на заедничката седница на двете влади, така да очекувам во иднина да имаме добра и успешна соработка.
-На новинарското прашање на српските медиуми во врска со медиумските шпекулации околу гласањето на Македонија за влез на Косово во Интерпол, Брнабиќ изјави
Во овој момет немам разговарано за ова прашање ниту со мојот колега Заев,ниту со амбасадорката. Ќе разговараме и ќе видиме. Вечерва не би говорела за ова, вечерва ги славиме нашите добри односи и Денот на Македонија и сакам навистина да на нашите пријатели им посакам се најубаво. Србија е отворена и флексибилна и ќе дадеме се од себе да имаме само најдобри односи.

–На свечениот прием покрај високи преставници од српскиот државен врв, преставници на опозицијата, дипломатскиот кор, беа и познати стопанственици, како и преставници на бројната македонска заедница во Србија.
Во меѓувреме медиумската хајка на провладините мегафони не запира
Иван Стоиљковиќ продолежената рака на срспо-руската политика во Макеоднија повторно го актуелизира прашањето за меѓународните односи. Овој пратеникот во македонското Собрание и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, во интервју за „Вечерње новости“ изјави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Интерпол, аз да остави протстор за медиумите за денот на зезависноста да се коментира прашањето.
Стоилковиќ вели дека не добил официјален одговор од Македонија, но дека е уверен оти таква одлука е донесена.
-Без сомнеж е дека на крајот на септември Македонија ќе гласа за прием на Косово во Интерпол. А тоа ќе отвори нови тензии меѓу двете земји по дипломатскиот скандал кој се одигра меѓу Белград и Скопје – изјави Стоилковиќ.
Неговите изјави во дел од српските медиуми се пренесени со тенденциозни наслови како: „Ништо од пријателството: Македонија и заби нож на Србија“, „Ново предавство од Македонија“, „Заев му помага на Тачи да апси Срби“.

Имено, српските медиуми заплашуваат дека со членството во Интерпол, на Косово ќе му се отвори можност да распишува потерници по невини српски државјани и со тоа злоупотреба на базата на податоци.
Српската премиерка, Ана Брнабиќ, пак, одби да ги коментира овие прашање и рече дека ќе даде се од себе двете земји да имаат само најдобри односи.
Новинарите побараа одговор и од амбасадорката на Македонија, Вера Јовановска Типко.
-Не сакам да зборувам за одлуките, денеска ќе зборуваме само за Денот на Македонија – рече таа.
Официјални српски претставници во повеќе наврати изјавуваа дека Косово не смее да биде примено ниту во УНЕСКО, ниту во Интерпол, и за ваквиот став на Белград отворено бараа поддршка од Македонија.
Пред неколку дена српскиот претседател, Александар Вучиќ, запрашан за односите со Македонија изјави: „За нас е важно каква ќе биде нивната позиција по повод УНЕСКО, како и за некои други прашања важни за Србија. Ќе градиме реципрочни, искрени и добри односи со Македонија. Но, ние повеќе нема да бидеме вреќа за удирање од кого било, а притоа ни рака да не кренеме“, изјави Вучиќ.
Новата македонска Влада од почетокот на нејзинот мандат ја декларира намерата за градење добри и пријателски односи со сите соседи без исклучок, а веќе спроведе и конкретни чекори во односите со некои од нив. Од тој аспект, притисокот врз Македонија од еден сосед против членство во меѓународна организација на друг сосед, во политички кругови се толкува како „крајно непринципиелен“, со став дека односите меѓу Белград и Приштина не смеат да се „решаваат“ преку грбот на Македонија.
Од македонската Влада за ТВ „Канал 5“ изјавиле дека „сѐ уште траат консултациите и дека финалната одлука ќе ја донесат една недела пред гласањето“, кое е закажано за време на Генералното Собрание на Интерпол, што од 26 до 29 септември ќе се одржи во Пекинг. За да биде примено во меѓународната полициска организација, на Косово му е потребно двотретинско мнозинство, односно 126 гласа од 190 членки на Интерпол.
Македонија, инаку, има рок до 26-ти септември да одлучи дали ќе го поддржи членството на Косово, кога ќе се одржи Генералното Собрание на Интерпол во Пекинг. Од Владата велат дека се уште траат консултациите за финалната одлука.