Во египетскиот град Луксор откриена е фараонска гробница на кралскиот златар кој живеел пред повеќе од 3.500 години за време на владеењето на 18 династија.

Гробницата се наоѓа на западниот брег на реката Нил на гроиштата каде се погребувани членови на племството и државни функционери.
МИнистерот за антиквитети Калед ел Анани изјави дека гробницата не е во добра состојба, но дека во неа се најдени статуа на златарот и неговата сопруга, како и погребна маска.
Во гробницата се наоѓаат и мумии на Египќани кои живееле во текот на 21 и 22 династија.