Седум години откако влезе во пазарната трка на полето на смартфоните, Huavei сега продава повеќе телефони ширум светот од Apple.

Според најновото истражување на Counterpoint Research, големата доминиција која ја имаа Samsung и Apple на полето на продажба на телефони, ја прекина кинеската компанија Huavei, која сега ја држи позицијата на втор најголем продавач на телефони.
Counterpoint Research истакнува дека според резултатите од јуни и јули, Huavei минимално го престигнал Apple.
Се сугерира дека ова е моментална ситуација, затоа што работите најверојатно ќе се променат по објавата на iPhone 8 која се очекува следната недела.
Huavei исто така ќе објават неколку телефони до крајот на годината, но исчекувањето и восхитот кои владеат по новите модели на iPhone ќе превагнат на страната на Apple.
Објаснувајќи го клучниот компетитивен развој, истражувачите на Counterpoint Research истакнуваат дека ова секако е значајно достигнување за Huavei, кој е најголем кинески бренд со растечко глобално присуство.
Постигнатите резултати на компанијата Huavei посебно се припишуваат на константните инвестиции во истражувања и развој, заедно со агресивен маркетинг и проширување на каналите на продажба.
Се истакнува послабото присуство на пазарите во Азија, Индија и Северна Америка, што ги лимитира потенцијалите на Huavei, за да се задржи на второто место зад Samsung.
„Huavei премногу е зависен ос домашниот пазар во Кина, каде ужива водечка позиција, како и од пазарот на Европа, Латинска Америка и Среден Исток“, вели Питер Ричардсон, директор на je Counterpoint Research.
Кога оваа ситуација ќе се промени, Huavei може да размислува и за посилен и константен притисок на двата водечки производители на смартфони.