Што ве очекува до крајот на 2017 според хороскопскиот знак?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Погледнувајќи кон календарот правиме посетување на минатите денови од почетокот на годината и за тоа каква беше до сега 2017-та за нас.
Иако за 4 месеци ни се чини дека нема што многу да промениме или да ни се случи, ѕвездената карта покажува спротивното. Што ве очекува до крајот на 2017-та според зодијачкиот знак, видете во следните редови.

Овен
Во моментов, родените во знакот Овен се наоѓаат на крстопат. Во себе чувствувате нешто за што се двоумите. Длабоко во срцето сакате да се одделите од многу важен за вас човек, но друг дел од вас се чувствува како да е подготвен да се обиде уште еднаш. Не заборавајте да бидете свои и да тргнете по овој пат, кој е најдобар за вас.

Бик
Биковите се чувствуваат погрешно за она што го прават на оваа фаза во вашиот живот. И тоа до некој степен е добро. Можеби сте збунети, но тоа е затоа што досега бевте навикнати да бидете апсолутно сигурни во своите активности. До крајот на годината обидете се да бидете трпеливи и верувајте дека работите пред вас ќе почнат да се откриваат, само ако не престанете да се движите напред.

Близнаци
Месеците од почетокот на годината не беа едни од најлесните за родените во знакот  Близнаци. Сте ги имале  вашите подеми и падови. Поминавте некои прилично радикални промени, како за добро, така и за не толку добро.

Сте направиле многу сериозен избор во животот, но не сте сосема сигурни дали тој бил вистинскиот. Оттука до крајот на годината ќе се обидете да бидете посигурни во своите можности и проценката. Веројатноста да почнете нова љубовна врска не е особено голема.

Рак
Ајде да ја погледнеме вистината во очи. Досега дефинитивно 2017-та не беше вашата година. Требаше да бидете пофлексибилни за да преживеете, но има светлина во тунелот и сите ваши борби ќе дадат позитивни резултати.

Останете верни на себе, бидете оптимисти, бидејќи најдобрите работи уште претстојат. Лансирањето на годината не беше безгрешно, но тоа не значи дека крајот нема да е триумфален. Во есента и почетокот на зимата ве очекуваат убави моменти.

Лав
За Лавовите 2017-та година досега не е од најуспешните, што се однесува до запознавањето и врската, но вината е целосно нивна. Во љубовта сте премногу колебливи и можеби тоа е добро, бидејќи барате човек врз кого ќе се фокусирате.

 

Напредок ве очекува кога е ладно и влажно или кажано накратко во есенско-зимските месеци. Следете го вашето темпо, очекувајте успеси, а од љубовта нема да можете да се извлечете.

 

Девица
Девиците ќе постигнат завидни успеси во однос на нивните кариери. Вашите напори беа забележани и трудот ценет. Продолжете така за уште успеси. Во однос на љубовта ќе треба да направите биланс за љубовта и човекот за кого сте направиле многу, но не сте го добиле саканото. Размислете добро што вреди да жртвувате во името на вашата врска.

 

Вага
Нешто ви ја повредило длабоко душата и ќе ви треба време да помине разочарувањето. Дознајте ги чекорите напред, што треба да ги направите. Не сакате да се откриете пред луѓето и тие да ја видат вашата емоционална ранливост. Живеете во илузија дека љубовта е таа која ќе ве исцели, но љубовта кон хобиата и вашите страсти е онаа која ќе ве крене на нозе.

Скорпија
Скорпионите секогаш се одликуваат со мудрост и во 2017-та година многу ваши блиски повторно се распрашува до вашите совети и проценки. Имате различен поглед кон светот и секогаш сте талкале како волци единаци кои го следат своето темпо и се стремат да ги постигнат своите цели.
Но кон крајот на 2017-та година ќе се сретнете со некој кој ќе ве натера да сакате да делувате невообичаено и да преземете повеќе ризици.

Стрелец
Од пред извесно време не можете да ja совладате мислата за стара љубов и имате надежи тој или таа да се врати повторно кај вас. Вистината е дека никогаш не сте запирале да го сакате овој човек, иако не сте зборувале за тоа долго време. Заслужувате човек кој кога ве гледа ќе знае дека вие сте најдоброто што му се случило. Можеби таква љубов нема да се појави до крајот на годината, но не губете надеж и вера. Следните 4 месеци ќе се ослободите од овие емоции.

Јарец
Среќата беше до овој момент од годината за Јарците или барем во однос на љубовта. Сепак до крајот на годината на патот може да се појават и некои пречки. Дали односите ќе продолжат или патиштата ќе се разделат? Треба да се запрашате што сакате во животот и дали мислите дека можете да останете со овој човек засекогаш.

Водолија
Во следните неколку месеци, минатото ќе потсети за себе. Тоа можеби е вашата претходна љубов или луѓе со кои веќе не зборувате. Иако сте се промениле, пораснале и сте зрели, тие ќе се обидат да ве потсетуваат на стари грешки.

Не дозволувајте некој да ви ја одредува самодовербата. Знајте дека оние кои се обидуваат да ве сеќаваат на минатото, завидуваат на светлата иднина што ве очекува.

Риби
Конечно ќе се ослободите од минатото и ќе ја најдете љубовта која ја заслужувате. Тој или таа нема да ви дава мешани сигнали и нема да се сомневате.

Сè што некогаш сте дале на некого, конечно ќе се врати на вас како позитивни емоции. Сепак внимавајте со кого и што споделувате, бидејќи завидливите не се малку и може да се обидат да ви ја попречат среќата.