“Не верувам дека оваа година имаме простор за мигрантите по системот на квоти”, рече Стејберг. Таа наведе дека Данска од 2012 огидна примила околу 56.000 баратели на азил и се очекува дека многу од нив ќе се обидат во земјата да ги донесат своите роднини, но и дека прво треба да ги интегрираат оние кои веќе се во Данска. Данската антимигрантската народна партија која и дава поддршка на малцинската влада, го поддржува предлогот на новиот закон против примањето на мигранти, додека малата опозициска Социјалистичка народна партија на тоа се противи и наведува дека со затвораето на вратите на бегалците им врти грб на “најслабите мигранти на светот”.
Данска прифати околу 20.000 баратели на азил од 2015 година, што е мал број во споредба со соседната Швеска и Германија. Стајберг минатата година рече дека премот на бегалците според програмата на УНХЦР е одложен, наведувајќи дека данските општини треба да имаат “простор за дишење за да можат подобро да се грижат за оние кои веќе дошле”.