Пресврт во науката: диетите со малку масти се смртно опасни

од desk3
117 прегледи

Диетите со ниска содржина на масти може да го зголемат ризикот од прерана смрт. Истражувањето спроведено меѓу 135 илјади лица открива дека луѓето кои јадат најмалку масти, се со највисок ризик од смрт. Резултатите од истражувањето претставени на најголемата конференција на кардиолози во светот даваат диетални совети, во кои се верувало децении и кои ги убедуваат луѓето да го намалат внесувањето на масти.

Канадски истражувачки тим, објавил студија во реномираното медицинското списание “Ланцет”, кое вели дека всушност мастите може да имаат заштитен ефект врз човековото здравје. Тие откриле дека луѓето со најнизок прием на масти се со 23% поголема веројатност да умрат млади. Научниците велат дека наместо мастите, луѓето треба да гинамалат јагленохидратите – компири, леб, тестенини, ориз, со други зборови сите овие работи кои до сега се сметаше дека се во центарот на здравата исхрана.