173
Полицијата во округот Песко апелира до граѓаните на Флорида да не пукаат на ураганот Ирма, затоа што тоа нема да го натера да се сврти назад.
Се додава дека тоа би можело да доведе до многу опасни повратни ефекти.
Полицијата се огласи откако на Фејсбук голема популарност стекна настанот, односно повикот да се пука на ураганот Ирма.
Настанот „Пукај на Ирма“, е закажан за 10 часот денеска, се наведува на Фејсбук.
Околу 25.000 луѓе најавиле дека ќе присуствуваат, а уште 53.000 се заинтересирани.
„Не ми беше намерата ова да стане нешто повеќе. Идејата не е повеќе во моја контрола“, вели креаторот на настанот Рајот Едвардс, додавајќи дека не мислеле навистина да се пука.