Москва на Каиро ќе му достави 50 борбени авиони

од desk2
108 прегледи

Русија на Египет ќе му достави 50 борбени авиони МиГ-29, по договорот потпишан и чие спроведување веќе почна, изјави помошникот на рускиот претседател за воена и техничка соработка Владимир Кожин.


Тој потврди дека договорот е потпишан и дека неколку авиони веќе се пратени во Египет.
„Отприлика 50 авиони ќе бидат испорачани на Египет, а се очекува дека испораката ќе трае неколку години“, изјави Кожин.

Тој напомена дека самата испорака ќе зависи од капацитетот на фаброките, кои имаат доста работа на споменатите авиони, но додаде дека е убеден оти руската страна ќе успее да ги исполни временските рокови предвидени со договорот, пренесе ТАСС.

Медиумите претходно пренесоа дека Русија иЕгипет потпишале договор за испорака на речиси 50 борбени авиони МиГ-29 на Египет.
Борбените авиони се дизајнирани за дневно и ноќно уништување на воздушни мети, во сите временски услови.

МиГ-29 може да пружи поддршка на единиците на копно, како и на падобранци, може да вршаи пресретнување и извидување да следи воени и транспортни авиони, како и да врши напади на мети на копно и на море.