Да се работи полно работно време и да се има дете е голем предизвик за родителите. Expert Market направи истражување во 37 земји, каде го анализираа балансот на вработените родители и утврдија големи разлики.
Америка се покажа како најлоша земја за вработените родители и далеку од „Американскиот сон“.

Expert Market анализираше колку родителите имаат годишно работни часови и бројот на платените денови на отсуство дозволени со закон, платено породилно и отсуство за татковците.
Најдобро стојат Финска и Естонија, кои многу ги почитуваат родителите кои се вработени, па така Финска е прва по брјот бодови за платено годишно отсуство, а Естонија за најдобро платено породилно. Тие даваат 85 недели со полна плата.
Јапонија и Норвешка се единствени земји во топ десет кои не се членки на ЕУ. Јапонија се најде на листата за плата во отсуство и за татковците со 30,4 недели, а Норвешка поради помалиот број работни часови за родителите.
Иако се една од најразвиените земји, САД се најлоша земја за вработние родители. Лошо организирано платено отсуство, а газдите не мора да плаќаат за госишно отсуство на родителите поради проблем.
Во топ 10 најдобри земји се Финска, Естонија, Австрија, Франција, Германија, Шведска, Јапонија, Норвешка, Луксембург и Словачка.
Десетте најлоши се САД, Мексико, Костарика, Канада, Чиле, Изреал, Турција, Ирска, Нов Зеланд и Швајцарија.