Компанијата Samsung ќе вложи 75 милиони евра во фирмата TT Tech од Виена, која произведува технологија за автономно управување со возилата и ситеми за безбедносни контроли, најмногу за автомобилите Audi, соопштија од оваа јужнокорејска компанија.

Последната во низата инвестиции во областа на автономното управување доаѓа откако јужнокорејската компанија го заврши преземањето на компанијата Harman, која произведува системи за навигација и технологија за комуникација во сообраќајот.
Samsung во рамките на фирмата основа посебна работна единица за надгледување на автономното возење.
Спомнатите 75 милиони евра се само дел од инвестициите на Samsung во австриската компанија, а предвидена е вкупна сума за развој на технологијата на автономното управивање со автомобили изнесува 300 милиони американски долари, пренесе AP.
Samsung е најголем светски производител на чипови и паметни телефони. Оваа јужнокорејска компанија не произведува автомобили, но доби лиценца да управува со автономни возила во Јужна Кореја и Калифорнија, за да ја тестира програмата и опремата.