Јункер: Другите членки не ги интересира спорот меѓу Словенија и Хрватска

од desk2
138 прегледи

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во средата по својот говор во Европскиот парламент даде заедничка изјава за повеќе европски медиуми, а одговараше и на прашањето на љубљанско “Дело“ за словенечко-хрватскиот спор околу Пиранскиот залив, потврдувајќи дека е во контакт со двајцата премиери, но дека не сака да им дава совети или да се меша во таа работа.


Јункер потврди дека е во контакт со двајцата премиери на двете членки на ЕУ, Андреј Пленковиќ и Миро Церар, но одби да го коментира спорот, оценувајќи дека тоа не би било корисно.

„Не мислам дека мешањето на Европа во тој конфликт би било мудро и корисно“, рече Јункер, додавајќи дека сака тоа прашање да го решат двајцата премиери и нивните влади.

Според Јункер, двете држави во тој спор морада знаат дека дека тоа прашање не ги интересира другите членки.

„Мене тоа ме интересира затоа што знам дека во двете држави таа тема е значајна и дека за неа се расправа. Сакам да им помогнам на премиерите“, вели Јункер, предупредувајќи дека во ЕУ постојат многу поваѓни теми, како што е проблемот со миграциите со што во недамнешната криза се занимаваа сите змеји на чии граници се наоѓаа илјадници бегалци, пренесе Хина.

Словенечкиот весник наведува дека изјавата на Јункер за словенечко-хрватскиот спор зборува дека тој е многу резервиран повеќе од други челници кои неодамна изразија поддршка на словенечката страна дека арбитрашната пресуда треба да ја имплементираат низ дијалог во двете влади.

Јункер не сала да се меша во спорот на Словенија и Хрватска ниту да дава лекции на владите во Љубљана и Загреб, истакнува во насловот љубљанско „Дело“.