Не постои сигурна доза алкохол што трудниците може да ја конзумираат

од desk2
92 прегледи

Умерена конзумација алкохол за време на бременоста традиционално се одобрува, но сепак истражувачи од Велика Британија, тврдат дека не постои сигурна доза алкохол која трудниците може да ја конзумираат без страв од штетни последици.


Доктор Дејм Сели Дејвис, минатата година ги ажурирал советите и застапувал потполна апстиненција од алкохол за време на бременоста. Пред тоа на трудниците им велел дека неделно може да испијат две чаши вино.

Смета дека не постои сигурна доза алкохол која жените во бременоста смејат да ја испијат. Потсетил дека конзумирањето лкохол за време на бременоста моѓе да доведе до ментални и телесни проблеми кај бебето.
Низ досегашните истражувања научниците успеале да следат само податоци за породилната тежина, предвремените породувања и гестациската возраст. Анализата на породилните тешкотии покажала дека алкохолот нема учинок. За другите два исходи учинокот не бил доволен за научниците да бидат сигурни дека алкохолот е причина за тоа.

Докторката Луиза Цуколо и нејзините соработници нашле 26 релевантни студии за оваа тема, но истакнуваат дека ниедна нема доволно научни докази.

Рејчел Пирсон за BBC вели дека за време на бременоста умерено конзумирала алкохол. Мајка на две деца на возраст од три и шест години вели дека се совршено здрави и силни.

Сепак, бројни професори и доктори советуваат трудниците да бидат внимателни и да не конзумираат алкохол за време на бременоста.