Од Скадарското езеро изрони воен параброд “Скендербег”

од desk3
109 прегледи

Овој пароброд во Трст 1916 година го изградила бродската компанија  “Austrian Lloyd Trieste”.

Скадарското езеро е полно со отпад, а водата крие и багери…

Истражувањата во изминатите години, покажале дека освен овој пароброд во езерото има уште стари остатоци.

Така да екипите на Секторот за хидрографија на Хидрометеоролошкиот завод на Црна Гора од Лепетан открила пред шест години дека има повеќе остатоци од потопени бродови околу 30 киломтра по должината на пловниот пат меѓу Вирпазар и Долен Муриќ.

Меѓу другото во езерото се пронајдени и багер, теретна баржа за која не се знаело дека е тука, еден потопен чамец кој на дното на Вирпазарскиот канал стигнал една година пред, продлабочувањето на тој пловен пат.

Веднаш по изградбата,  паробродот го купил Стефан Цурани од Скадар. Од 1924 до 1927 година бил во сопственост на “Јадранско – скадарската пловидба”, кога го откупува А.Д. “Бока” а од 1934 година му припаднал на А.Д. “Зетска пловидба”.

Речиси три децени превезувал патници и храна на секојдневнатарелација Ријека Црнојевиќ – Скадар.

Во Првата светска војна им служел на Австрија, потоа на Кралството нма Југославија, да да на почетокот во 1941 година Италијалните го припоиле на својот пловен парк. Димензиите на “Скендербег” се 21,1 метра должина и 5,3 метра ширина. Носивоста му е 20 тона, посадата ја сочинувале шест членови, а се движел со парна машина од осумнаесет којнски сили .

Во партизанска акција 12 февруари 1942 година во каручкиот залив борците на баталјонот “Царев Лаз”, по кратка борба го заробиле парабродот и го потопиле без оштетувања со отворање на вентилите. 

По војната, имало два обиди за извлекување на “Скендербег” (1946 и 1952 година), но поради слабата техничка подготвеност, и двата пати извлекувањето било безуспешно. Експедицијта на Клубот подводни истражувачи “Акванаут” 1999 година вршела испитувања на бродот, кога е утврдено дека е заринкан во тиња на 11 метри длабочина. Тогаш е утврдено дека е во добра состојба, свртен на страна. Во текот на истражувањата можеле да се препознаат поедини делови и бродска опрема и инвентар, а најинтересни биле кормлото , парната машина и вентилите за регулација на водената пареа.

Палубата со командниот мост исто така била потполно очувана, а јасно се распознаал и поголемиоот оџак.

Воениот параброд бил посебна атракција за туристите кои го обиколувале езерото Скендербе, а бил и честа “мета” на странските новинари и истражувачи.