На денешен ден 17 септември 
1580.- Роден е шпанскиот писател Франциско Гомес де Кеведо и Виљегас, сатиричар кој заради „зајадливиот јазик и отровното перо“ повремено бил повластен во дворецот, а повремено прогонуван и затворан.
1685.- Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе.
1787.- Делегатите на 12 од тогашните 13 држави во САД го потпишале Уставот кој со дополнителни амандмани се уште е најстариот важечки устав во светот.
1796.- Првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон, шеф на државата од 1789 година, на американскиот народ му упатил „Проштална беседа“, одбивајќи третпат да се кандидира за претседател.
1809.- Завршила Шведско-руската војна со која Русија ја освоила Финска.
1857.- Роден е рускиот физичар Константин Едуардович Циолковски, татко на астронаутиката. Уште во 1883 година ги изложил идеите за користење на реактивниот погон кај ракетите, а во 1903 година го објавил првото класично дело за теоријата на астронаутика. Советската академија на науките ја востановила наградата „Златен медал Циолковски“ за исклучителен придонес во астронаутиката и во истражувањето на вселената. Умрел на 19 септември 1935 година.
1863.- Умре Алфред де Вињи, голем писател на француската ренесанса. Познати му се делата „Мојсиј“, „Елоа“, „Четертон“ и други. Роден бил на 27 март 1797 година.
1900.- Британската кралица Викторија I го потпишала документот со кој Австралија влегла во Комонвелтот како федерална унија на шест бивши британски колонии.
1908.- Роден е рускиот виолинист и диригент Давид Фјодорович Ојстрах, еден од најголемите мајстори на виолина во 20. век. Завршил конзерваториум во родниот град Одеса, а се прославил во 1935 година со наградата на меѓународниот натпревар по виолина во Варшава и во 1937 година со наградата „Исај“ во Брисел. Бил професор на Московскиот конзерваториум и со голем успех настапувал во целиот свет.
1918.- По тридневна офанзива, Првата и Втората српска армија го пробиле Солунскиот фронт со што биле скршени централните сили во Првата светска војна. Четириесет дена по офанзивата капитулира Австро-Унгарија, а набрзо и Германија.
1918.- Роден е израелскиот државник Хаим Херцог. Бил претседател на Израел од 1983 до 1993 година. Пред тоа, бил командант на јужната армиска област и прв воен гувернер на Западниот Брег кој бил окупиран во 1967 година, а од 1975 до 1978 година израелски амбасадор во Обединетите нации.
1939.- Советските единици врз основа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот биле заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци.
1943.- Во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик.
1961.- Обесен е бившиот турски премиер Аднан Мендерес, кој во мај во 1960 година го соборила воената хунта на генералот Џемал Гурсел. Воената хунта тврдела дека Мендересовата Демократска партија, која била на власт по првите слободни избори во Турција во 1950 година, „ги издала принципите“ на првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.
1978.- Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите меѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор меѓу Египет и Израел.
1985.- Во Њујорк умрел Џулијан Бек, американски режисер кој заедно со својата сопруга Џудит Мамара во 50-те години на минатиот век го формирале авангардниот Ливинг театар. Роден бил во Њујорк во 1925 година.
1987.- Во Скопје било формирано Здружение на електроенергетичарите на СР Македонија.
1991.- Собранието на Република Македонија донесло Декларација во која се истакнува дека граѓаните на Република Македонија на 8 септември 1991 година плебисцитарно ја потврдиле државноста и сувереноста на Република Македонија и ја изразиле својата волја таа да биде конституирана како суверена и независна држава.
1994.- Умрел британскиот филозоф од австриско потекло Карл Рејмонд Попер, еден од највлијателните мислители во 20. век.
1996.- Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија била примена во Групацијата медитерански земји.
1997.- Во Медицинскиот центар Ајзенхауер во пустинското гратче Ранчо Мираж умрел Ричард (познат како Ред) Скелтон, американски комичар. Роден бил во 1913 година.
1998.- Во Скопје, во издание на НИК „Денес“, излегол првиот број на дневниот весник „Македонија денес“, весник на демократската јавност.
1998.- Во Скопје почнала со работа телевизијата Канал 5.
2001.- Собранието на Република Македонија донесло Декларација за осуда на терористичките напади во Њујорк и во Вашингтон, САД, на 11 септември 2001 година.
2001.- Почнала да работи Њујоршката берза по четири дена пауза предизвикана од исламистичките терористички напади на 11 септември. На Волдстрит бил забележан најголемиот пад на вредноста на акциите за време од еден ден во текот на историјата.
2002.- Во Пјонгјанг за време на историската средба меѓу севернокорејскиот водич Ким Џонг Ил и јапонскиот премиер Јоничири Коизуми, Ким се извинил за порано грабнатите јапонски граѓани и најавил прекин на ракетните проби.
2015.- Припадници на Претседателската гарда на Буркина Фасо извршиле воен удар во оваа африканска земја, отстранувајќи ги од власта Транзициската влада и привремениот претседател Мишел Кафандо.
ИЗбор МИА