(ВИДЕО) Скандал: Палевски го истури со боја Геровски, но одби да дискутира со него

од desk2
157 прегледи

Пред Кафето Манда денеска се појави новинарот Бранко Геровски и Љупчо Палевски. Палевски го потури со боја Геровски, но потоа се повлече и одби да остане и да се соочи вербално со него.

-Простете што ви се обраќам заеднички, но читам дека и едните и другите интензивно ја коментирате мојата одлука утре во 12 часот да се појавам пред „Манда“, каде што лицето Љупчо Палевски ме повика на физичка пресметка. Тоа што тој тоа го нарекува „провокација“ од моја страна и слично, тоа може на други прикаски да раскажува, евентуално утре на суд, ако работата дојде до таму – еве, на фотографијата што ја постирам, можете и самите да видите дека станува збор за класична закана од негова страна (шамар, селфи).

Го ценам тоа што повеќето од вас ме одвраќаат од мојата намера да се појавам на закажаниот „дуел“ (како и да го замислил Палевски), но јас нема да ја сменам својата одлука и сакам пријателски и човечки да ви објаснам зошто, пишеше вчера Геровски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/videovesti/videos/851371718355609/