Земјотрес од 7.1 во Мексико, над 200 мртви

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Повеќе од 200 лица загинаа  , како резултат на синоќешниот земјотрес  со јачина од 7.1 степени според Рихтеровата скала во Мексико.


Жртвите се во државите Морелос, Пуебла и Мексико, каде што има големо уништување како резултат на земјотресот.
Претходно беше јавено  за 89 мртви. За неколку часа беше прекинат и сообраќајот на меѓународниот аеродром Бенито Хуарез во Мексико Сити,  а речиси 4 милиони луѓе останаа без електрична енергија и беше објавена вонредна состојба.

Според податоците од Националната сеизмолошка служба на Мексико, епицентарот на земјотресот бил 12 километри југоисточно од селото Морекос, кој се наоѓа на 111 километри јужно од главниот град на Мексико. Земјотресот е на длабочина од 57 километри.

Неколку часа по првиот, новиот земјотрес со јачина од 4,9 степени го потресе брегот на Мексико, објави Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСК). Нејзиниот епицентар е 98 километри јужно од Сан Франциско дел Мар во Оахака. Жариштето е  на длабочина од 15 километри.
Земјотресот се случиува 32 години по 1985 година, кога имаше повеќе од 10.000жртви. Пред неколку дена, уште еден тежок
земјотрес од 8.1 го потресе Мексико во оја загинаа  98 луѓе. Очекувајте повеќе детали.

Слични содржини