Јоко Оно на производителот на пијалокот „Џон Лемон“ му се закани со драконска казна

од desk2
79 прегледи

Вдовицата на легендарниот Битл, Џон Ленон, се закани со драконска парична казна на полската компанија ако не го смени името на пијалокот „Џон Лемон“, кое асоцира на името на нејзиниот покоен сопруг.


Адвокатите кои ги ангажира Јоко Оно го известија полскиот произведувач дека ќе мора да плати казна од 5.000 евра на ден о 500 евра за секое продадено шише од пијалокот ако не го смени името.

Компанијата сфати дека вдовицата не се шегува и го смени името во „Он Лемон“.

Полската компанија тврди дека никако не се водела од идејата за користење на Ленон како заштитен знак. Во тоа е тешко да се поверува затоа што меѓу маркетиншкиот матеирјал на брендот објавен на Facebook и Џон Лемон стои слика од пејачот и зборовите “let it be” како и препознатливиот пар очила со округло изрежано стакло, пренесе Хина.

 

Адвокатите на производителот тврдат дека трговската марка ја регистрирале во 2014 година, а заштитниот знак Џон Ленон е регистриран дури во 2016 година.