И покрај земјотресот во Мексико, ќе се одржи трката Формула 1

од desk2
190 прегледи

Трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико ќе се одржи во веќе одредениот термин , 29 октомври, иако Мексико неделава беше погоден од голем земјотрес.


Директорот за маркетинг на автодромот “Ermanos Rodriges”, Родриго Санчез, рече дека патеката не е оштетена.

„Веќе два пати ја прегледавме патеката, како и сите објекти и заклучивме дека нема оштетувања. Во наредниот период ќе продолжиме со проценки, но за сега нема место за загриженост за објектите и патеката. Трката ќе се вози во веќе одредениот термин“, вели Санчез, пренесе BBC.

Мескико Сити во вторник беше погоден од силен земјотрес, двот во само 15 дена, во кој загинаа 230 луѓе во главниот град на Мексико и неговата околина.

Слични содржини